Големо засилување за Милан: Дефанзивец на Барселона доаѓа на „Сан Сиро“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Милан во завршницата на летниот преоден рок се договори со Барселона за позајмица на десниот бек Сержињо Дест.

Екипите се договориле Дест да игра на позајмица оваа сезона во Милан, а по завршување на сезоната калчолигашот ќе може да го откупи за 20 милиони евра.

Дест пристигна во тимот за време на Роналд Куман во 2020 година, по што потпиша петгодишен договор, но тој не е во плановите на Чави Ернандез и поради тоа ќе си замине.

Милан ќе му ја исплаќа цела плата на Дест, односно 3,8 милиони евра годишно.