Голман доби отштета од над 20,6 милиони долари поради лекарска грешка


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Поранешниот голман на фудбалскиот тим од Америка Портланд Тимберс, Џејк Глисон (34) доби отштета од 20,6 милиони долари поради лекарска грешка.

Тој водеше спор против докторот Ричард Еделсон, обвинет за лекарска грешка за време на операција која ја заврши неговата кариера.

Поранешниот голман го тужеше Еделсон за 25 милиони долари поради трошоци за досегашно и идно лекување, загубени и намалени идни приходи, како и претрпен бол и страдање. Поротата му додели отштета од над 20,6 милиони долари.