Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Несекојдневна сцена е забележана во една бразилска лига при изведување на пенал, кога голманот на домаќините се обиде да го одбрани ударот од белата точка на чуден начин.
Голманот на Комерсијал, Мартинс не чекаше противничкиот фудбалер да шутне, туку веднаш почна да трча кон него за да му го затвори аголот.
Мартинс не успеа во намерата, па напаѓачот на Коста Рика постигна гол за 1-1, по што неговиот тим славеше на крајот со 4-1.
Секако, дури и Мартинс да го одбранеше пеналот, судијата ќе мораше да го повтори ударот затоа што голманот не ги испочитува правилата при изведување на удари од белата точка.