Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По три месеци пауза продолжи руското фудбалско првенство, а во првата средба Сочи победи против Ростов со 10-1.
Причина за поразот беше тоа што Ростов настапи со јуниори, откако цел прв состав беше во карантин поради сомнеж дека шест фудбалери се заразени со коронавирус.
Најстариот фудбалер на Ростов имаше 19 години, а интересно е тоа што голманот Денис Попов беше прогласен за најдобар играч на мечот, иако прими 10 голови.
Тој на мечот имаше дури 15 одбрани, што е нов рекорд во руската Премиерлига и притоа одбрани еден пенал.
Ростов им се извини на своите навивачи поради резултатот, но соопшти дека немале друг избор, освен да настапат со младинскиот состав.