Голманот на Ајакс ги стави заинтересираните тимови на готовс: Време е за нов предизвик


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Ајакс, Андре Онана истакна дека е време за нов предизвик во кариерата најавувајќи дека ќе замине од клубот ова лето.

Камерунскиот интернационалец кој потекнува од школата на Барселона е под договор со Ајакс до 2022 година, но најави дека ќе си замине ова лето.

За него има голем интерес од неколку големи екипи од Европа. Најсериозен е интересот од Тотенхем кој го посакува Онана како замена за Иго Лори, додека постои голем интерес и од Челси кој сака да го донесе како замена за Кепа Аризабалага, како и од Барселона која пак го бара Онана веројатно како втора опција зад Марк Андре Тер Штеген.

„Немојте да ме разберете погрешно, среќен сум во Ајакс и благодарен сум на овој клуб. Овде поминав пет прекрасни години, но време е да преземам чекор. Не знам што ќе се случи, но моите амбиции се јасни“ –изјави Онана.