Голманот на Елче се збуни кога Меси му го побара дресот 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера го совлада Елче и успеа да се вклучи во трката за титулата во Ла Лига, а два гола во победата постигна Лионел Меси, кој ја продолжи голгетерската серија.

Сепак, тоа што е интересно за јавноста е потегот на Аргентинецот по натпреварот, кога играчите тргнаа да си ги разменат дресовите на теренот.

Голманот на Елче, Едгар Бади му пријде на Меси за да го побара неговиот дрес и да го поздрави, а Аргентинецот без размислување му го даде дресот, а потоа му го побара неговиот дрес за возврат.

Чуварот на мрежата на противникот остана изненаден и на момент застана, но потоа со задоволство му го даде својот дрес на еден од најдобрите фудбалери во светот.