Голманот на Кристал Палас ослободен од обвинувањата за нацистички поздрав (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот голман на репрезентацијата на Велс и прв избор меѓу стативите на Кристал Палас, Вејн Хенеси, привлече големо внимание на европските медиуми со својот гест.

Фудбалскиот сојуз на Англија на почетокот на годината почна истрага против чуварот на мрежата на Кристал Палас поради нацистички поздрав.

По победата на неговиот тим во рамки на ФА-купот, за време на прославата во еден ноќен клуб бил фатен како салутира со препознатлив нацистички поздрав со крената рака.

Англиските медиуми веднаш го критикуваа, па почната е и постапка против него поради можноста да користи нацистички поздрав, но сите обвинувања се отфрлени.

Неговото објаснува било дека немал намера никого да повреди, но се поставува прашањето дали тој навистина не знае што значи таквиот поздрав.