Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација оствари уверлива победа од 3-0 на гостувањето против Лихтенштајн, со што успешно го започна учеството во првото коло од квалификациите за Светското првенство. Нашите фудбалери ја покажаа својата доминација во Вадуц, но најмногу внимание привлече третиот гол на мечот, кој беше дело на Бојан Миовски.
Голот на Миовски, постигнат после вешта асистенција на Бојан Илиевски, не само што ја запечати триумфот за Македонија, туку беше признат и како еден од најубавите голови на ова коло. Тој зазеде второ место во изборот за најатрактивен погодок.
.