Голот на Обамејанг против Астон Вила требаше да биде поништен (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал направи вистинско чудо откако со играч помалку за само две минути успеа да направи пресврт и да освои голема победа пред своите гледачи против Астон Вила (3:2).

Сепак, погодокот кој го постигна Обамејанг за целосен пресврт, од слободен удар, според новите правила требаше да биде поништен.

Имено, новите фудбалски правила велат дека ако живиот ѕид е составен од три или повеќе играчи, фудбалерите на тимот кој напаѓа не смее да бидат во живиот ѕид и треба да бидат оддалечени најмалку еден метар од него.

Сепак, на средбата меѓу Арсенал и Астон Вила при победничкиот гол на Обамејанг јасно беше видливо дека Давид Луиз не стои на еден метар оддалеченост од живиот ѕид на тимот кој се бранеше, а плус тоа во живиот ѕид беше и играчот на Арсенал, Калум Чејмберс.

За среќа на домаќините ВАР не се огласи, па Арсенал на крајот освои големи три бода.