Голот на Пјаниќ од 2010. година стана хит кај навивачите на Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ вчера официјално потпиша договор со Барселона.

Пјаниќ по четири години реши да го напушти тимот на Јувентус, а кариерата да ја продолжи во еден од најдобрите клубови во светот – Барселона. Играчот од средниот ред потпиша четиригодишен договор со Каталонците и ќе му се приклучи на новиот тим на крајот на оваа сезона.

Не е тајна дека Пјаниќ отсекогаш сакал да игра во дресот на Барселона, а кога пристигнала понудата од „Камп Ноу“, тој не размислувал долго. Преговорите меѓу Барса и Јувентус траеја околу два месеци, а на крајот успеаја да постигнат договор.

Пјаниќ заминува во Барселона, додека Артур Мело, кој синоќа беше претставен како нов играч на Старата дама, ќе отиде во спротивна насока.

Иако навивачите на Барселона не беа многу задоволни од овој трансфер затоа што веруваат дека клубот не требаше да го пушти Артур, кој неодамна наполни 23 години. Но, откако пристигна потврда дека потпиша Пјаниќ, имаше многу повеќе позитивни коментари.

На социјалните мрежи хит стана голот на Пјаниќ. Секако, ова е гол што Пјаниќ го постигна против најголемиот ривал на Барса, Реал Мадрид во 2010. година. Тогаш Лион ги исфрли „кралевите“ од Лигата на шампионите, а токму голот на Пјаниќ беше пресуден.