Голот на Сон против Барнли избран за најубав во Премиер лигата (Видео)

Голот кој Хеунг Мин Сон го постигна против Барнли на 7 декември е избран за најдобар гол во Премиер лигата за сезоната што измина.

Корејскиот фудбалер го претрча целиот терен,многу од играчите на Барнли паѓаа како покосени покрај него, а на крајот потклекна и голманот Ник Поуп.