Гомез: Себичноста на Левандовски скапо го чинеше Баерн Минхен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ) од Виљареал, по што почнаа критиките на сметка на баварскиот гигант.

Роберт Левандовски е еден од најважните фудбалери на германскиот шампион, но навивачите не беа среќни со неговиот настап, а критики за напаѓачот испрати и Марио Гомез.

„Нема потреба да зборуваме за неговиот квалитет. Тој е неверојатен, но сметам дека во моментов е себичен. Тој не сака да каже каде ќе ја продолжи кариерата и тоа влијае негативно врз тимот“, вели Гомез.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен смета дека Левандовски е главен виновник за елиминацијата од ЛШ.