Гонзалес го провоцира Нејмар: Родителите ми рекоа да го фрлам – ѓубрето! 📸


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На мечот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј, Алваро Гонзалес имаше само една желба, а тоа беше да го претепа Нејмар. Од друга страна, Бразилецот го провоцираше ривалот во текот на целиот натпревар, а не прекина ни по него.

Секако, причина е дуелот меѓу нив двајца, кои го имаа за време на натпреварот, по кој Нејмар го обвини Алваро дека расистички го навредувал.

Кога станува збор за караницата на Твитер, таму почна Нејмар со провокација и слика на која го означи Алваро, а потоа напиша „Кралот е роден, зарем не“.

Веднаш пристигна одговор од Гонзалес на тоа, кој објави слика на која прави прекршок врз Нејмар и порача „Родителите ме научија секогаш да го фрлам ѓубрето“.