Ѓорче Петров го дозна ривалот во четвртфинале на Европскиот куп

Женскиот ракометен тим Ѓорче Петров за противник го доби шпански Елче во четвртфиналето на Европскиот куп.

Првиот натпревар меѓу Ѓорче Петров и Елче се игра на 9/10 март, додека реваншите се закажани за 16/17 истиот месец.

Доколку го совладаат Елче, ракометарките на Ѓорче Петров ќе играат против подобриот од мечот меѓу Гранољерс и Гран Канарија.

Полуфиналните натпревари се закажани за 20/21 април, а реваншите за 27/28 истиот месец.