Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македнскиот ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров славеше против Кинжварт со 32-29 во првиот меч од осминафиналето на Европскиот куп.
Ракометарките на македонскиот тим во салата „Автокоманда“ играа цврсто во првото полувреме, а на паузата заминаа само со еден гол предност (14-13). Во вториот дел Ѓорче Петров влезе во одличен ритам и успеа да обезбеди победа.
Најефикасни кај Ѓорче Петров беа Коларовска, Јанкуловска и Ризоска со по шест голови, додека четири постигна Божиновска.
Реваншот меѓу Ѓорче Петров и Кинжварт се игра во Чешка на 20 јануари со почеток од 18 часот.