Ѓорческа без многу мака до трофеј во Анталија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа додаде уште еден трофеј во својата колекција, откако денеска славеше против Она Орпана со 2-1 во сетови (6-4, 6-7 и 6-1) во финалето на турнирот во Анталија, Турција.

Ѓорческа играше одлично од самиот старт на мечот, иако во вториот сет немаше многу среќа, но затоа во решавачкиот сет ја декласираше противничката, па така го освои 51. трофеј во својата кариера.

Македонската тенисерка беше прва носителка на турнирот во Анталија, па ја оправда фаворитската улога, која ѝ беше дадена на самиот старт на финалниот меч.