Ѓорческа испадна во првото квалификациско коло на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена во првото квалификациско коло на Ролан Гарос од Марго Рувроа.

Марго го освои првиот сет со 6-2, по што македонската тенисерка возврати и стигна до 7-5, додека во третиот сет Ѓорческа загуби со 3-6.

Ѓорческа ќе треба да почека друга шанса за да се обиде да избори пласман во главниот дел на некој од гренслем-турнирите.