Ѓорческа ја декласира Шунк на стартот на турнирот во Сплит


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го почна турнирот во Сплит со победа против Германката Настасја Шунк со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3.

Ѓорческа во второто коло ќе се соочи против петтата носителка на турнирот, Вероника Ерјавец која во првата рунда славеше против Џесика Малечкова со 6-2 и 6-3.

Македонката досега одигра два меча против Ерјавец, а има по една победа и пораз.