Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го игра првиот меч во квалификациите за Австралијан опен вечерва по полноќ, а противничка ќе биде Катарзина Кава.
Натпреварот се игра на теренот број 13 и се очекува да почне како втор од програмата, додека првиот натпревар се игра околу 10 часот по локално време, односно на полноќ по македонско време.
Ова ќе биде прв меѓусебен дуел меѓу овие тенисерки, а Ѓорческа ќе се обиде конечно да обезбеди пласман во главната фаза на првиот гренслем-турнир, откако претходно најблиску до такво нешто беше во 2017 година кога стигна до третото квалификациско коло.