Ѓорческа ја растури Зајцева за полуфинале во Ларнака


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари уште една победа на турнирот во Ларнака, откако ја совлада одличната Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови.

Ѓорческа ги освои двата сета со идентичен резултат, односно 6-2 и 6-2, а со тоа обезбеди пласман во полуфиналето во Ларнака.

Македонската тенисерка за пласман во финале ќе се бори против Нуриа Бранкачо.