Ѓорческа ќе се бори за титулата во Чешка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови, односно 6-2, 3-6 и 6-3 против Дарија Астакова во полуфиналето на турнирот во Чешка.

Македонската тенисерка доминираше во првиот сет и го доби со 6-2, по што следеше мал пад во играта, а тоа го искористи Астакова, која израмни на 1-1 во сетови (6-3).

Во последниот сет Ѓорческа рано направи брејк, па не ѝ дозволи на нејзината противничка да се врати во дуелот и славеше со 6-3.