Ѓорческа ќе се бори за трофејот во Ларнака


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во финале на турнирот во Ларнака, откако славеше против Нуриа Бранкачо со 2-0 во сетови.

Италијанката немаше решение за расположената Ѓорческа која го доби првиот сет со 7-5, додека во вториот беше подобра со 6-4.

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Ларнака против петтата носителка на турнирот, Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска.