Ѓорческа остана без титула во Талин!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше проблеми во финалето против Јанина Викмајер и мораше да го предаде натпреварот.

Се забележа уште во првиот сет дека нешто не е како што треба во играта на Ѓорческа, која го загуби првиот сет со 1-6, по што нејзината противничка имаше успешен старт и на вториот сет (2-0), а Македонката реши да се предаде.

Иако остана без титула, сепак треба да се спомене дека Ѓорческа за време на целиот турнир загуби само еден сет и ги декласира нејзините противнички Зелницкова, Лазаро Гарсија, Кјеза и Сонмез.