Ѓорческа прегази уште една фаворитка за место во полуфинале во Чешка


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против фаворитката Ема Наваро со 6-4 и 6-2, па така се пласираше во полуфиналето на турнирот во Оломуц, Чешка.

Македонската тенисерка игра одлично вои последно време и денеска ја „нокаутираше“ четвртата носителка на турнирот, па за само 80 минути избори место меѓу најдобрите четири тенисерки.

Ѓорческа утре ќе се соочи против Дарија Астакова од Русија во полуфиналето во Чешка.