Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стигна до полуфиналето на турнирот во Ираклион и освои 25 бодови со кои забележа напредок на ВТА-листата.
Ѓорческа напредуваше за 11 позиции на ранг-листата, па сега се наоѓа на 178. место во светот, односно само осум позиции полошо од нејзиниот најдобар пласман во кариерата.
Македонката оваа недела ќе одмори, а следната ја очекува настап на фјучерсот во Валенсија.
Напредок на ВТА-листата забележа и Магдалена Стоилковска, која напредуваше за осум позиции и сега се наоѓа на 1.223 место.