Ѓорческа со пресврт избори четвртфинале во Анталија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска триумфираше против Амариса Тот со 2-1 во сетови и се пласира во четвртфинале на турнирот во Анталија, Турција.

Тот го доби првиот сет со 6-4, но македонската тенисерка возврати во следните два со идентичен резултат (6-4 и 6-4).

Ѓорческа во четвртфинале ќе се соочи против Тара Вурт од Хрватска.