Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ-турнирот во Преров, Чешка, откако славеше против Вера Лапко со 2-0 во сетови.
Македонската тенисерка се соочи со голем притсок од Белорусинката, но сепак успеа да го добие првиот сет со убедливи 7-1 во тај-брејкот, по што имаше многу полесна задача.
Лапко се истроши во првиот сет, па така втората носителка на турнирот во Чешка, Ѓорческа со 6-2 во вториот сет обезбеди место во следното коло.
Ѓорческа на турнирот ќе настапи и во двојки, каде што ќе игра заедно со Катарина Хобгарски.