Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои првиот трофеј во 2024 година, откако беше поразена од Луција Ќириќ Багариќ со 0-2 во сетови.
Петтата носителка на турнирот во Ларнака беше пресилна за македонската тенисерка и го освои првиот сет со 6-2, а потоа ги искористи грешките на Ѓорческа во вториот сет за да го добие со 6-3.
Ѓорческа со пласманот во финале на турнирот во Ларнака се очекува да напредува на најновата ВТА-листа која ќе биде објавена утре.