Горецка се огласи по физичката пресметка со Боатенг (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бројни медиуми во Германија, вклучувајќи го и еминентниот „Билд“, вчера објавија дека имал судир меѓу двајца фудбалери на тренинзите на Баерн.

По провокациите и грубите престапи, Жером Боатенг физички го нападна Леон Горецка и во еден момент му удри шлаканица, а за многумина, приказната се чинеше убедлива затоа што дефанзивецот на Баерн е познат по краткиот фитил.

Поголем судир беше спречен со реакцијата на другите соиграчи, но ’жешките глави’ во меѓувреме се оладени и набргу по тренинзите, Горецка објави фотографија со Боатенг.

„Секогаш опуштено. Фудбалот е емоција“, ја постираше Горецка фотографијата на Твитер.

Во текот на својата кариера, Боатенг честопати знаеше да се судри со противниците и соиграчите. Тој влезе во најголемата афера кога беше објавено дека ја претепал сопругата двапати …