Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чуварот на мрежата на Металург, Даниел Ѓорѓески ќе го напушти тимот од Автокоманда и следната сезона ќе брани на голот на Будалакас од Унгарија.
Ѓорѓески потпиша соработка на една година и за првпат ќе игра надвор од Македонија, додека претходно го носеше дресот на Куманово, Работнички, Вардар јуниор, Вардар и Пелистер.
Во екипата на Металург пристигна во 2019 година, а сезонава имаше неколку многу добри настапи во Европската лига и двапати беше избран во топ-5 најдобри интервенции во изборот на ЕХФ.