Ѓорѓиоски ја напушти Каламата: Тука ни Мурињо нема да успее!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и македонски тренер, Илчо Ѓорѓиоски ја напушти грчката екипа Каламата по три ипол месеци.

Ѓорѓиоски за грчките медиуми кажа дека имал недоразбирање со раководството на тимот, кое работело аматерски.

„Преку медиумите дознав дека ми дале отказ, никој не ме информираше. На почетокот имаше негативна енергија, ми кажаа дека немаме шанси за успех и да градам екипа за следната сезона. Потоа ми кажуваа кого да внесувам во игра на натпреварите. Без да знам ангажираа фудбалери. Ова раководство е аматерско, тука ниту Жозе Мурињо немаше да успее“, кажа Ѓорѓиоски.