Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку месеци се шпекулира дека Кристијано Роналдо на крајот на сезоната ќе си замине од Јувентус.
Италијанскиот гигант утре го игра решавачкиот меч за место кое води во Лигата на шампиони и доколку не успее да слави, тогаш Португалецот речиси сигурно ќе си замине.
Роналдо со Јувентус има договор на уште една година, но во претходните месеци се шпекулираше за неговата иднина и се поврзуваше со Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ.
„АС“ објави дека раководството на премиерлигашот го контактирало Роналдо и со него разговарал Оле Гунар Солскјер, кој воопшто не врши притисок за да го врати, туку господски му порачале дека за него секогаш ќе има место на „Олд Трафорд“.
Доколку Роналдо реши на лето да ја напушти „Старата дама“, тогаш се очекува и голема заработка за Јувентус од неговата продажба, но и ослободување од огромната плата.