Гостивар потпиша со Нигериец обвинет за силување две девојки!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Гостивар денеска потпиша со Ијаји Атиемвен за кој во минатото Динамо Загреб плати 2,65 милиони евра, но го следи и скандал од Хрватска.

Атиемвен доаѓа од редовите на молдавскиот првак Шериф Тираспол, откако претходно играше за Динамо Загреб и беше избран за трет најдобар играч во хрватската лига.

По доаѓањето во Загреб, Атиемвен се најде во центар на скандал, односно беше обвинет од две девојки за физички напад и обид за силување, објавија хрватските медиуми.