Готов е трансферот на ѕвездата на Ајакс?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Ајакс, Никола Таљафико, ќе ја продолжи кариерата во Челси.

Аргентинецот со своите феноменални игри се најде во дресот на Ајакс, а сè води до фактот дека тој ќе го промени средината на ова лето, а медиумите во Холандија се убедени во тоа.

Иако името на 27-годишниот фудбалер е поврзувано со Арсенал и Барселона, наводно следна дестинација во неговата кариера ќе биде Челси, кој ги договорил со Ајакс скоро сите детали за трансферот.

Холанѓаните тврдат дека Ајакс и Челси се договориле за обештетување од 30 милиони евра, кои ќе бидат поделени на фиксен дел од 26 милиони, а останатите четири преку потенцијални бонуси.

Ајакс уште порано потврди дека Таљафико нема да му застане на патот да направи чекор напред, што го потврди и извршниот директор Едвин ван дер Сар, велејќи дека тие имаат договор со Португалецот.

Минатата сезона, Таљафико постигна три гола и четири асистенции на 24 натпревари во домашното првенство.