Готово, Атлетико Мадрид го доби најголемото засилување во ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Објавено е и на официјалниот сајт на Атлетико Мадрид, го добиле веројатно најголемото засилување во ова лето.

Николас Гаитан е ново засилување на Атлетико Мадрид.

Тој моментално е на турнирот Копа Америка со репрезентацијата на Аргентина, а штом ја заврши должноста во националниот тим ќе се приклучи со Атлетико Мадрид.

Според информациите кои ги имаат шпанските медиуми, овој офанзивен играч за врска е платен 25 милиони евра.

Гаитан е роден во Сан Мартин пред 28 години, две сезони како сениор играше за Бока од каде замина во Бенфика во 2010 година.

Во претходните година дена наводно беше на мета на Манчестер Јунајтед, но тој трансфер никогаш не беше реализиран.

За тимот од Лисабон одигра 252 меча и постигна 41 гол. За репрезентацијата на Аргентина играше 15 пати, постигна два гола.