Готово е: Челси договори нов напаѓач за 35 милиони фунти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси добива ново засилување пред почетокот на новата сезона, а станува збор за 20-годишниот Саму Омородион кој доаѓа од Атлетико Мадрид.

Шпанскиот репрезентативец има само 20 години, а со премиерлигашот договори соработка на седум години и ќе ги тресе противничките мрежи во иднина.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „сините“ ќе платат 35 милиони фунти за услугите на Омородион.

За услугите на Омородион бил заинтересиран и германскиот шампион Баер Леверкузен, но Шпанецот решил да потпише за Челси.