Готово е, Челси го договори ангажманот на Каи Хаверц


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Најугледниот англиски медиум „Скај Спортс“ јавува дека Челси и Баер Леверкузен се пред конечен договор за трансферот на Каи Хаверц.

Според медиумот, Челси се согласил да ја плати бараната сума од Леверкузен во висина од 100 милиони евра.

Познатиот новинар специјализиран за трансфери, Фабрицио Романо пак пренесе дека договорот веројатно конечно ќе биде постигнат во текот на денешниот ден, а официјализација ќе следи во следните денови.

Освен Хаверц, Челси е пред комплетирање на уште два супер трансфери и тоа на Бен Чилвел и на Тијаго Силва.