Готово е: Душан Влаховиќ има нов клуб


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сагата конечно заврши. Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го избра својот нов клуб, а тоа е турскиот великан Бешикташ.

Бешикташ ова лето реши значително да го засили тимот. Дојдоа навистина големи имиња, но го изгубија најголемото – Мохамед Салах, кој на крај заврши во Трабзонспор.

Сепак, топлото лето во Истанбул од денес ќе биде уште потопло. Во градот пристигнува уште една фудбалска ѕвезда – Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач ги избра црно-белите како свој нов клуб. По долги и напорни преговори конечно кажа ‘да’ на понудата што пристигна од Бешикташ.

За кратко, 26-годишникот треба да биде официјално претставен како нов играч на великанот, а за потписот ќе добие суми какви што никаде друго, освен во Саудиска Арабија, не би можел да добие.

Влаховиќ прифати тригодишен договор вреден осум милиони евра нето, но тоа не е сѐ што ќе заработи. Тука се и многубројни бонуси кои може да ја подигнат неговата плата над 10 милиони евра.