Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека паднал конечен договор помеѓу Евертон и Јувентус за трансфер на младиот напаѓач Моизе Кин.
Кин на Островот стигнува за сума од 27 милиони фунти која може да порасне и до 37 милиони фунти доколку играчот прикаже завидни партии на „Гудисон Парк“.
Познато е дека Јувентус издејствувал во договорот да има и „бајбек клаузула“ со која ќе може да го врати играчот за истата сума за која го продаде.
Моизе Кин во Евертон ќе заработува 52.000 фунти неделна плата, а трансферот се очекува да биде објавен утре.