Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид се подготвува за голем број промени во летниот преоден рок. Веќе е јасно дека капитенот Серхио Рамос би можел да го напушти тимот, а меѓу тие кои ќе заминат се уште и Иско, Лукас Васкез и Марсело.
Бразилскиот лев бек од 2006 година е член на „кралевите“, па одигра над 500 натпревари за клубот, но сезонава не добива премногу шанса.
Неговото место во екипата го презема Ферланд Менди, а дека искусниот лев бек ќе замине од клубот најави и „Ел Чирингито“.
„Кралевите“, наводно, во тимот ќе го вратат Серхио Регилон, 24-годишниот фудбалер кој беше продаден во Тотенхем за 30 милиони евра.