Готово е: Реал Мадрид го напуштаат тројца фудбалери!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека тројца фудбалери наскоро ќе го напуштат Реал Мадрид, а нивните договори се пред реализација.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез е на праг да потпише за Евертон. Колумбиецот не е дел од плановите на тренерот Зинедин Зидан и поради тоа ќе ја промени средината.

За „кралевите“ во Ла Лига постигна 29 гола на 85 настапи, а освен него екипата ќе ја напуштат Дани Себалјос, кој ќе ја продолжи позајмицата со Арсенал, а Брахим Диаз ќе потпише за Милан.