Готово е: Стигнаа ужасните вести за Тотенхем и Кејн…


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Тотенхем успеа да слави против Сити, но и остана без својот капитен и најдобар играч во тимот.

Хари Кејн го заврши мечот по половина час игра, доби доста ќотек од Отаменди, а го повреди Делф во еден дуел за топката. Немаше намера тоа не е спорно, но фудбалерот на Сити го погоди зглобот на фантастичниот напаѓач кој мораше да го заврши мечот.

Не можеше сам да замине во соблекувалната, очај секако се јави кај навивачите на Тотенхем кога се појави со ортопедска чизма по мечот. Во прашање е истата повреда која го одвои во јануари 40 дена од фудбалските терени.

Покетино беше многу јасен.

„Не изгледа добро, останува да веруваме, но мислам дека ја заврши сезоната“, беше искрен Аргентинецот.

Тој истакна дека Делф можел, ако судијата ја прегледал ВАР снимката да заработи црвен картон, дека имал среќа, но и дека некогашниот капитен на Вила немал намера да го повреди Кејн.

Тотенхем го има искусниот Лјоренте како замена, или може да комбинира и со Моуро и лажна „деветка“, но јасно е дека без својот лидер се многу послаби.