Готово е: Варан потпиша за Комо!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новиот калчолигаш Комо ангажира уште еден ветеран, а станува збор за дефанзивецот Рафаел Варан кој доаѓа како слободен играч.

Тренерот Сеск Фабрегас преговараше со Варан неколку недели, а Французинот на крајот реши да стави потпис на двегодишен договор со опција истиот да го продолжи на уште една сезона.

Фабрегас нема да застане со засилувања, туку планира да го ангажира и Артур Мело од Јувентус, кој минатата сезона беше на позајмица во Фиорентина.