Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се суди според пишувањата на Марка, трансферот на Гризман во Барса е завршен.
Францускиот напаѓач пред неколку месеци соопшти дека го напушта Атлетико после пет години и константо се шпекулираше за неговата иднина.
Се споменуваа многу клубови, од ПСЖ до поедини тимови од Премиер лигата, но наредна станица дефинитивно ќе биде Камп Ноу.
Марка пишува дека Гризман постигнал договоро со каталонскиот клуб според кој дресот на Барселона ќе го носи во наредните пет години, а Атлетико Мадрид од овој трансфер треба да добие 125 милиони евра, колку што и изнесува неговата откупна клаузула.
Како ново засилување тој би требало да биде претставен во четврток на 11. јули.
Ваквиот расплет не е изненадувачки, поради тоа што уште порано директорот на Атлетико ги „разоткри“ сомненијата околу иднината на одличниот напаѓач.
„На сите им е јасно каде ќе игра Гризман во наредната сезона. Сите тоа веќе го знаеме, уште од март. Негов нареден клуб ќе биде Барселона“, рече Жил Марин за каталонски Спорт пред неколку недели.
Гризман во Атлетико дојде во 2014. година, а мадридскиот клуб им плати тогаш на Сосеидад 30 милиони евра. За пет години одигра повеќе од 250 натпревари и постигна 133 голови за Атлетико.