Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Наскоро не чекаат неколку официјални објави од официјалните страници на парискиот клуб.
Лоран Блан повеќе не е тренер на тимот од Паркот на Принцевите, па најверојатно само е прашање на време кога Унаи Емери ќе го превземе клубот од овој клуб.
Додека се чека Емери, изгледа дека во ПСЖ со себе доведува одлично засилување.
Имено, како што медиумите во Полска јавуваат, Гжегож Криховјак е ново засилување на Светците.
Пишувавме и пред неколку дена дека Полјакот го напушти тренинг кампот на својата репрезентација со цел да преговара со Парижаните, а изгледа дека се е готово.
Криховјак ќе биде прво големо засилување за клубот, а се верува дека доаѓа како замена за Тиаго Мота кој е на излезните врати од клубот.
Криховјак е пулен токму на Унаи Емери, заедно освоија две титули во Лига Европа, во редовите на Севиља.
Тој стана едне од клучните играчи на Севиља, а и во репрезентацијата на Полска е еден од најважните играчи.
Договор со клубот од Паркот на Принцевите Криховјак ќе го потпише на четири години.