Грабеж на векот: Винисиус нема да ја добие „Златната топка“, Реал Мадрид се налути!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Шпанските медиуми во изминатите денови најавија дека „Златната топка“ ќе ја добие бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор.

Бразилецот требаше да се закити со престижната награда, но такво нешто нема да се случи, па поради тоа шпанскиот гигант го откажа патувањето и делегација на „кралевите“ нема да биде присутна на манифестацијата.

Реал Мадрид смета дека тоа што Винисиус останал без наградата е грабеж на векот, пишува „ЕСПН Бразил“.