Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Манчестер јунајтед ги објави плановите за изградба на најголемиот стадион во Обединетото Кралство, нов стадион со 100,000 седишта во близина на „Олд Трафорд“, а вредноста е 2,34 милијарди евра.
Јунајтед, кој моментално има долгови од 1,17 милијарди евра, сè уште не објасни како планира да го финансира стадионот. Тој ќе биде дел од поширока регенерација на околината, што се смета за најголем таков проект во Обединетото Кралство.
Клубот тврди дека целиот проект ќе создаде 92.000 нови работни места, вклучувајќи изградба на 17,000 куќи и привлекување на дополнителни 1,8 милиони посетители во регионот годишно. Проектот би додадел дополнителни 8,5 милијарди евра на британската економија годишно.
Прашањето беше дали ќе се користат пари од даночните обврзници за да се изгради стадионот. Најпрво градоначалникот на Манчестер, Енди Бурнхам рече дека ќе се финансира со јавни средства, но денес ја промени изјавата поради големи критики од опозицијата и граѓаните на Манчестер. Тој изјави за „Скај Спортс“ дека граѓаните нема да ја финансираат изградбата на стадионот.