Градоначалникот на Ваљадолид е бесен по мечот со Барселона: Ова е кражба! 📷


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го совладаа Ваљадолид со 1-0, а натпреварот доби и „трето полувреме“ затоа што гостите сметаат дека биле ограбени во натпреварот.

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси беше убеден дека судијата работи на штета на неговата екипа, односно по секоја цена сакал да му даде жолт картон, но критики имаше и од Ваљадолид.

Во 62. минута Жорди Алба играше со рака, а арбитарот не досуди пенал и тоа ги налути ривалите на каталонскиот тим.

Остар и бесен беше градоначалникот на Ваљадолид, Оскар Пуенте, кој на Твитер го коментираше неговото мислење.

„Во кошарка акцијата би била одлична. Тоа се нарекува кражба на топка, а во фудбал тоа се вика пенал. А ако не се досуди во ера на ВАР, тогаш тоа дефинитивно е кражба“, вели Пуенте.