Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити во претходните сезони се наоѓа во врвот на листата со клубови, кои трошат премногу пари на засилувања.
Откако Пеп Гвардиола го презема клубот, Сити донесе неколку звучни имиња, на кои не штедеше пари.
Меѓутоа, Гвардиола не е задоволен уште со фудбалерите, кои ги има на располагање, па сигурно „граѓаните“ ќе бидат и летово активни на трансфер маркетот.
УЕФА истражува сомнителни трансфери и премногу трошење на пари, а тоа може скапо да ги чини „граѓаните“. Ова лето мора да бидат внимателни, а очигледно Гвардиола знае кои фудбалери ќе ги донесе.
Наводно на листата со желби се наоѓаат Јури Тилеманс, кој ќе биде платен околу 50 милиони евра, а покрај него Гвардиола го сака Жоао Кансело, чија цена изнесува 60 милиони евра.
Исто така, желба на Гвардиола е Родри од Атлетико Мадрид, но трансферот зависи од тоа дали Сити ќе го продаде Лирој Сане.