„Граѓаните“ почнаа да обвинуваат: Три клубови го „наместиле“ Сити?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер сити објави дека станува збор за комбинација на политика, завера и цел да се тргнат од патот. Според англискиот гигант, во клубот сериозно мислат дека зад казната стојат неколку клубови.

ПСЖ е прв обвинет за такво нешто, зашто тие правеа нешто слично како и Сити, но ослободени беа од обвинувањата, а нивниот прв човек Насер Ал-Келаифи е во извршниот комитет на УЕФА.

Адвокатите на Сити ја отфрлаат одлуката на УЕФА, зашто не може да бидат предмет на истрага според нив. А исто така се споменуваат и Баерн Минхен и Реал Мадрид, но и наводно конкуренцијата од Англија, која најмногу ќе профитира од нивната казна.